Џем од тиква и портокал: Сладок, освежителен џем со арома на ванила!

Вреди да се проба:

Реклама

Во вкусот доминира портокалот и веројатно оние кои не знаат од што е џемот, нема ни да претпостават дека е направен од тиква затоа што тој вкус се чувствува само малку во позадина.

Состојки:

  • 1 кг излупена тиква
  • 4 поголеми портокали
  • 1 лимон
  • 600 гр шеќер
  • 2 стапчиња ванила
  • 1 дцл вода

Подготовка:

Излупете тиква, и исечете ја на коцки. Исцедете ги портокалите. Изрендајте кора од лимон и исцедете го сокот.

Реклама

Ставете ги тиквите во шерпа, исечете ја ванилата по должина и додајте ја на тиквите, додадете кора од лимон, шеќер и истурете сок од лимон и портокал. Додадете вода и оставете се да отстои 2 часа.

Ставете да се готви. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и продолжете да готвите, мешајќи повремено. Кога тиквите ќе омекнат, извадете ги стапчињата од ванила, па изгмечете ги со миксер и вратете ја ванилата и продолжете да готвите.

Реклама

Џемот е подготвен кога малку ќе капнете од него на ладна плоча, и се затегнува. Оригиналниот рецепт вели дека готвењето не трае повеќе од половина час до 40 минути но тоа зависи од тоа колку вода ослободува тиквата.

Кога џемот е подготвен, извадете ги мешунките од ванила, исечете ги и ставете ги во тегли. Истурете топол џем во врелите тегли. Затворете и оставете ги надвор да се оладат. Од оваа мерка, се добиваат 4 тегли од по 380 гр.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -