НАЈУБАВАТА ПОСНА ПОГАЧА: Мека и вкусна и лесно се подготвува!

Вреди да се проба:

Белег на секоја слава е прославната погача, а со овој рецепт ќе ја направите најубавата посна погача.

Празничната трпеза е незамислива без славеничка погача која домаќинките ја печат со многу внимание и љубов. Ќе биде мека и вкусна и сигурно ќе ги воодушеви сите присутни на трпезата.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 кг остро брашно
  • 450 мл кисела вода
  • 1 свеж квасец
  • 100 мл масло
  • 4 лажички шеќер
  • 2 лажички сол

Подготовка:

Соединете ги сите состојки така што полека ги додавате додека тестото не стане мазно, па оставете го да стаса.

Плехот премачкајте го со масло, па посипете го со брашно во тенок слој (по можност тркалезен плех). Нараснатото тесто замесете го на набрашнета површина и ставете го во плехот за печење, со тоа што ќе одвоите малку од тестото и со тоа ќе направите украси одозгора на погачата.

Оставете ја погачата така да нарасне еден час, па потоа печете ја во рерна загреана на 200°C додека не пожолти и почне да се одвојува од плехот. Проверете го тестото со чепкалка.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!