ОБРОК САЛАТА СО ПИЛЕШКО И ГРАВ: Одлична комбинација на состојки кои обичниот прилог го претвораат во вистинска гозба!

Вреди да се проба:

Брзо и лесно направете совршен оброк салата со пилешко, грав и варени јајца.

Салатите се најпријатниот оброк во лето, но се добро решение и во зима кога ви треба нешто брзо и кое содржи разновидна храна. Оброк од салата може да се послужи и како мезе на прославите, а овој со пилешко, грав и варени јајца е хит. Брзо се подготвува и се што треба да направите е да ги исечкате состојките и да ги измешате.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 пилешко филе
  • 100-120 гр тврдо сирење
  • 1 конзерва грав (240 g)
  • 3 јајца
  • 6 шери домати
  • 1 китка магдонос
  • 3 лажици мајонез
  • 1-2 чешниња лук
  • сол и бибер

Подготовка:

Месото и јајцата сварете ги, па процедете ги. Се сече на коцки, како и сирењето и доматите. Измешајте во сад и додадете го гравот што претходно сте го процедиле.

Исечкајте го магдоносот и посипете го врз состојките. Додадете мајонез, како и мелено лукче, сол и бибер, па добро измешајте. Наместо мајонез, можете да користите сос од јогурт и сенф, кој се прави со мешање на овие две состојки.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!