КОМПИРИ СО СЛАНИНА И КРОМИД: Одличен предлог за вкусна вечера која ја сака целото семејство!

Вреди да се проба:

Само изрендајте ги компирите и на нив додадете сланина, кромид и домати. Ќе бидете воодушевени.

Компирите се една од омилените намирници кои многу се користат во готвењето. Од него може да се направи широк спектар на јадења, а кога се подготвува вака најмногу потсетува на печено. Ако ви се допаѓа, сигурно ќе ви се допадне оваа верзија. Не му треба тавче, бидејќи се пече во рерна, а на крајот се посипува со кашкавал што му дава дополнителен шмек. Подготовката е многу едноставна.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 виолетова главица кромид
  • 15 чери домати
  • 2 јајца
  • 100 гр сланина
  • 80 гр кашкавал
  • сол, бибер, лута пиперка, оригано, магдонос
  • маслиново масло

Подготовка:

Компирите излупете ги и изрендајте. Во нив додадете јајца и зачини и убаво измешајте. Истурете во огноотпорен сад подмачкан со масло и израмнете. Се пече на 180°C околу 35 минути.

За тоа време пропржете го кромидот исечен на кругови, како и ситно сечканата сланина, а по неколку минути додајте ги сечканите чери домати. Извадете ги компирите од рерна и прелијте ги со сланината, кромидот и доматите. Посипете со рендан кашкавал и вратете во рерна уште 10-15 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!