НЕМА ГРЕШКА СО ОВОЈ РЕЦЕПТ: Пита со домашно сирење, подобро од гибаница!

Вреди да се проба:

Пита со сирење е секогаш добро решение за вечера или појадок.

Гибаницата е нашата најпозната пита, но штом ќе ја пробате оваа мека и крцкава пита со сирење, секогаш ќе ја правите. Вкусот е фантастичен, а можете да послужите со јогурт или кисело млеко.

- Advertisement -

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 600 гр сирење
  • 2 белки
  • 30 гр гриз
  • 1/2 лажиче оцет
  • 270 мл вода
  • малку сол
  • 2 жолчки

Подготовка:

Измешајте брашно, вода, сол и оцет. Месете го тестото и поделете го на 10 еднакви делови. Обликувајте топчиња, а потоа истегнете ги со сукалка што е можно потенко.

Премачкајте со путер, па преклопете. Прво во должина, а потоа во ширина. Завиткајте го секое парче во фолија и ставете го во фрижидер еден час.

Измешајте сирење и белки, а потоа додадете гриз. Комбинирајте се добро. Сега тестото расукајте го тенко, со големина 20 х 20 и ставете го сирењето во еден ред па свиткајте ги рабовите навнатре за да добиете квадрат.

Се редат на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со изматени жолчки и печете на 220 ° C околу 20 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!