Откако ќе пробате варен домат на овој начин, секогаш ќе го направите така за зимата.
Состојки:
- 6 кг домати
- 2 лажици сол
- 4 лажици шеќер
Подготовка:
Добро измијте ги доматите, исчистете ги и исечете ги на парчиња. Сомелете ги доматите со мелница и процедете ги низ цедалака. Истурете во шерпа, додадете сол и шеќер и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10-15 минути.
- Advertisement -
Загрејте ги шишињата во рерна 10 минути на 100 степени. Истурете ги жешките домати во жешките шишиња. На секое шише ставете парче целофан натопено со алкохол или ракија, затегнете со гума и ставете капаче. Завиткајте ги шишињата во крпа и оставете ги 24 часа да се изладат.
Пријатно!