Идеален оброк за постудените денови.
Крем супа од морков е лесно да се подготви. Има вкус прекрасен, и по една чинија, ќе имате доволно енергија за цел ден.
Состојки:
- 500 гр свеж морков
- 1 кромид
- 2 коцки путер
- 1 лажица брашно
- 1 чаша кисела павлака
- зачини по желба: свеж магдонос, сол, бибер, зеленчук, …
Подготовка:
Морковот добро измијте го и исечкајте го на најситни делови. Пржете го кромидот во путер во длабока тава, додадете лажица брашно и полека дотурете литар топла вода, мешајќи постојано.
Потоа додадете моркови и зачини и варете околу 40 минути на тивок оган, мешајќи повремено. Кога ќе се свари супата, додадете кисела павлака и добро промешајте додека павлаката не се растопи.
Ако ви остануваат поголеми парчиња морков, промешајте ја супата со миксер неколку минути, додека не стане кремаста. Послужете ја супата додека е топла, бидејќи не се препорачува повторно загревање поради кисела павлака.
Добар апетит!