Ви претставуваме еден многу едноставен рецепт за подготовка на кисела зелка. Но и голема помош за оние кои ја обожаваат и немаат каде да ја стават.




Едноставно лесно и на дофат во оставата, чајната кујна. Не останувајте без здрава зимница – кисела зелка, само затоа што мислите дека не можете да најдете решение без подрум.




Состојки:
- 5 кг зелка
- 5 лажици сол
Подготовка:




Зелката ситно издробете ја па измешајте ја со 5 лажици сол. На еден килограм зелка оди една лажица сол. Количините можете да ги прилагодите според вашите потреби. Вака подготвена смесата оставете ја да отстои неколку часа, околу 3-4. На тој начин зелката ќе испушти вода и ќе омекне за да може полесно да се складира.




Потоа наполнете стерилизирани тегли со смесата и теглите не ги затворајте. Оставете ги отворени првите 7 дена додека не заврши ферментацијата. Покријте ги одозгора само со крпа или чинија и оставете во остава. По седум дена ставете ги капаците и ќе имате феноменална и здрава салата или зелка подготвена за чорба или пита за во зима.
Пријатно!