Бекриска салата: Најдобро го истакнува вкусот на скараџиското месо!

Вреди да се проба:

Доколку сакате да го истакнете вкусот на месото приготвено на скара, тогаш подгответе ја оваа салата и уживајте во извонредниот вкус!

Состојки:

  • 500 гр. сирење
  • 200-250 мл. кисела павлака
  • половина страк праз
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички сенф
  • 4 чешниња лук
  • малку лук во прав
  • лажичка буковец
  • сол
  • црн бибер
  • 1 лута пиперка (по желба)
  • 2 лажички ајвар
  • малку чили сос

Начин на подготовка:

Измешајте го сирењето со киселата павкала, убаво изгмечете ги со виљушка. Додадете ги лукот, кромидот и празот, ситно сецкани. Убаво измешајте и додадете ајвар заедно со зачините буковец, лук во прав, сол и бибер.

- Advertisement -

Ставете во смесата ситно сецкана лута пиперка и многу малку од чили сосот. Убаво промешајте да се изедначи смесата и оставете ја во фрижидер добро дасе олади.

Сервирајте со печено месо на скара.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!