Подгответе вкусен грав на мексикански начин – едноставно и брзо…

Вреди да се проба:

Гравот на мексикански начин е јадење кое веднаш ќе ви го стопли срцето и душата. Од оваа комбинација на состојки прсти ќе излижете и нема ништо да оставите во чинијата!

Состојки:

  • 200гр црвен грав
  • 2 кутлачи доматно пире
  • 80гр сланина
  • 1 црвен кромид
  • 1 луто пиперче
  • сол
  • бибер
  • 1 стапче цимет
  • 1 лаворов лист
  • 2 гранчиња рузмарин
  • маслиново масло
  • 500мл зеленчукова супа

Подготовка:

Исечете го кромидот на тенки парчиња и исечкајте ја сланината. Загрејте 3 лажици масло во голем длабок сад и пропржете ја сланината со кромидот 2 минути.

- Advertisement -

Додадете ги гравот, ловоровиот лист, циметот, чили пиперчето и варете на висока температура 5 минути, со постојано мешање.
Потоа додадете го доматното пире и зеленчуковата супа, покријте го со капакот и варете 30-40 минути.

Земете 2 кутлачи од супата и изблендирајте ги, за да добиете кремаста основа. Потоа додајте ја во остатокот од супата и измешајте.

Зачинете со сол и бибер. На крај извадете го циметот и ловоровиот лист.

Сервирајте со тортиља или потпечен леб, ставајќи малку маслиново масло.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!