Шпански солен компир со црвен сос: Или на шпански „Papas arrugados“, што значи збрчкан компир!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој рецепт ни доаѓа од драга читателка а подолу можете да ја прочитате подготовката.

Рецептот го добива името по тоа што компирите се варат во многу солена вода. Компирите традиционално се јадат на Канарските острови, каде што всушност за прв пат ги пробав, вели Благица.

Реклама

(Рецептот ни го испраќа Благица Ристевски Фоверсков)

Состојки:

Рецепт за 4 лица:

Реклама
  • 1 кг. малку компири, наоколу
  • 1 1/2 литар вода
  • 15 гр. сол.

Црвен сос:

  • 3 црвени пиперки
  • 3,4 црвени чили
  • 5 чешниња лукчиња
  • 1 1/2 лажичка пиперка
  • 1/2 дл. маслиново масло
  • 1/2 дл. вински оцет
  • сол и бибер

Подготовка:

Убаво е да се подготви сосот ден претходно и да се стави во фрижидер за подобар вкус. Пиперките,чилито и лукот се сечат на крупни парчиња и се блендираат во густа форма. Се додаваат останатите состојки. Пробајте и додадете сол и бибер по потреба. Сосот се става во фрижидер претходниот ден.

Следниот ден … Сварете ги компирите во солена вода како што е напишано во состојки , 1 1/2 литри вода и 15 гр сол. Оставете да зоврие и да испари, така што компирот ќе добие тенок бел слој врз него. Потоа компирот ставете го на чинија и послужете со вкусниот црвен сос.

- Advertisement -

Добар апетит!

Извор: Рецепт на Благица Ристевски Фоверсков

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -