Заборавена старинска пита која ни ја подготвуваа нашите баби: Рецепт кој вреди да се проба!

Вреди да се проба:

Оваа превкусна старинска пита ќе ги зодоволи сите ваши сетила.

Вкусен доручек за целото семејство кој се јаде со сласт. Погледнете ја подготовката и уживајте во рецептот.

- Advertisement -

Рецептот ни го испраќа наша читателка Сузана Павловска.

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 2 лажички сол
  • 500 мл млака вода
  • 150 гр растопен путер на собна температура или маргарин
  • 500 мл млеко
  • 5 јајца
  • прстофат сол

Подготовка:

Ставете во сад брашно, сол и полека додавајте вода и замесете го тестото. Месете се додека не добиете убаво масзно и изедначено тесто. Потоа ставете го на набрашнета површина, добро измесете и поделете го тестото на два еднакви дела. Покријте ги со крпа и оставете да се одмори тестото 10 минути.

Земете ја едната топка тесто и почнете да ја развлекувате кората со сукало. Исечете краци на кората како сонце, (како на сликата), измачкајте ја кората со растопен путер и почнете да ги преклопувате краците кон средината. Истото направете го и со втората кора.

Откако ќе го направите тоа, земете ја првата кора и развлечете ја со сукало онолку колку што ви е голем плехот во кој ќе ја печете питата. Можете да користите плех од 33 см и кората развлечете ја 5 сантиметри плус повеќе од колку што е плехот. Намачкајте го плехот со путер или маргарин и ставете ја кората во плехот со тоа што краевите на кората ќе ги залепите на плехот од страна.

Сега изматете го филот за питата, така што млекото и јајцата ќе ги ставите во сад и изматете со малку сол. Ставете го филот на страна и развлечете ја и втората кора. Пред да ја ставите втората кора во плехот, првата кора посипете ја со брашно затоа што е важно да не се залепат кога ќе се стават една врз друга. Сега ставете ја втората кора и со краевите спојте ја со првата кора. На едно место оставете ги корите слободни каде што ќе го сипете филот као џеб.

Завиткајте ги краевите на двете кори, направете венец, освен џебот, и во него сипете ја содржината од филот. при сипувањето подигнете го плехот од едната страна со чинија за да може полесно да се распореди филот внатре. Откако ќе го сипете филот, затворете го џебот. Одозгора ставете путер на неколку места или маргарин.

Ставете ја питата да се пече на 200 степени околу 40 минути или додека да пожолти и почне да се дели од плехот.

Пријатно!

 

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!