Реклама
Овој рецепт ни го испраќа наша драга читателка Благица.




Готвењето е нејзина пасија и дегустирање на различни кујни, па затоа со љубов ги споделува своите кулинарски доживувања со нас. Денеска ни подготви рецепт за џем од чили пиперчиња.
Реклама




Состојки:
- 500 гр чили
- 500 мл вода
- 500 мл вински оцет
- 500 гр шеќер
- ванила
Подготовка:




Чилито по можност треба да биде во црвена боја. Исецкајте го чилито и ставете го да се вари во водата помешана со оцедот и шеќерот се додека не омекне.




Откако ќе омекнат пиперчињата, изладете ги и изблендирајте ги со блендер. Додавајте по малку од водата во кои се вареле за да ја направите густината по ваша желба односно како за мармалад. На крај додадете една мала лажичка ванила.
Реклама
Пријатно!