Cilbir, cilbur или çılbır (се изговара чил-бир) е само еден од рецептите за појадок со јајца во турската кујна.




Јадењето е вообичаено да се служи прелиено со стопен путер со црвена пиперка.
Рецептот ни го испраќа нашата читателка Благица.
Состојки:
- 2 јајца
- 2-3 лажици јогурт
- 1 помала рендана главица кромид
- малку копар или магдонос
- сол и бибер
- 2 лажици путер
- 1 лажичка црвена пиперка
Подготовка:
Во тенџере со зовриена вода во метална цедалка ги ставате скршени јајцата, малку да се варат. Ова е полесен начин за да не се распадне јајцето.




Во друг сад се ставаат 2-3 лажици јогурт, една рендана главица кромид, малку копар или магдонос, сол, бибер по вкус и сето тоа убаво се меша.




Потоа ставете ги јајцата врз овој сос а одозгора се прелеваат со претходно подготвен сос од малку путер и црвен пипер. Загрејте го путерот до зовривање а потоа ставете една лажичка црвена пиперка и со овој сос прелијте ги јајцата одозгора.




Благица вели: “Не ставајте многу црвен сос како мене, вкусот беше прејак, доминираше црвената пиперка”.
Пријатно!