Направете малку поинаков топол сендвич за вашето дете. Наместо леб и шунка, додадете тиквички и сирење. Вкусот е неверојатен, а можете да го послужите за појадок или вечера.




Состојки:
- 2 чаши рендани тиквички
- 1 големо јајце
- 1/2 чаша свежо рендан пармезан
- 2 ситно сечкани млади кромидчиња
- 1/4 чаша пченкарен скроб
- сол
- бибер
- масло
- 2 шолји рендано чедар сирење
Подготовка:




Во кујнска крпа ставете ги ренданите тиквички и исцедете го вишокот вода. Во среден сад измешајте ги тиквичките со јајцето, пармезанот, зелениот кромид и пченкарниот скроб. Додадете сол и бибер.




Истурете масло во голема тава за да го покриете дното. На едната страна од тавчето ставете околу 1/4 чаша од смесата со тиквички и обликувајте мал квадрат (можете да притиснете со шпатула да се израмни). Постапката повторете ја од другата страна на тавата.




Печете додека не порумени од двете страни, околу 4 минути по страна. Ставете го чедарот на едната плескавица и покријте ја со другата плескавица. Печете уште 2 минути за да се растопи кашкавалот. Се трга од оган и се остава да се исцеди на салфетка. Избришете ја тавата, а потоа повторете ја постапката со останатите состојки. Послужете веднаш.
Пријатно!