Како да направите лижавчиња дома!

Вреди да се проба:

Ако сакате да ги израдувате децата со некои слатки, тогаш направете ги овие лижавчиња.

Децата можат да ви помогнат да декорирате, за да можете сите да се забавувате.

- Advertisement -

Состојки:

  • 2 чаши шеќер
  • 2/3 чаша сируп од пченка
  • 2 лажички екстракт од ванила или нане
  • бонбони по желба
  • стапчиња за лижавче

Специјална опрема:

  • термометар за готвење

Подготовка:

Обложете два големи плехови за печење со пергаментна хартија. Наполнете голем сад со ледена вода и оставете го на страна. Шеќерот, сирупот од пченка и 1/4 шолја вода измешајте ги во мала длабока тава или шерпа и ставете ја на средна температура.

Прицврстете го термометарот на внатрешната страна на тавата. Зголемете ја температурата на средно додека смесата не зоврие, мешајте додека не се растопи шеќерот. Потопете мала четка за пециво во вода и поминете по страните на шерпата за да спречите формирање на кристали.

Гответе ја смесата 5 до 7 минути додека температурата на термометарот не достигне 140 ° C.  Садот веднаш префрлете го во чинија со ледена вода, внимателно потопувајќи ги страните, но внимавајте да не навлезе вода во неа. Оставете го садот 10 до 15 секунди да се излади смесата, а потоа извадете ја од садот со ледена вода.

Доколку користите екстракт, внимателно потопете го во смесата веднаш откако ќе ја извадите шерпата од ледената вода. Брзо истурете го сирупот на плехот и направете кругови или форми по ваша желба а потребна е и брзина. Потоа врз тој сируп притиснете ги стапчињата и украсете со бонбончиња или декорации по желба со лесно притискање во лижавчето.

Оставете целосно да се излади додека целосно не се стврднат, а потоа внимателно излупете ги лижавчињата од хартијата за печење.

Забелешка: Работете брзо бидејќи штом го извадите сирупот од шпоретот многу брзо ќе се стврдне. Ако сирупот е премногу тврд, загрејте го на средна температура додека малку да омекне.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!