Реклама
Овие овошни ражничи се толку освежувачки. Тие се исто така брзо и лесно уживање за секоја пригода.




Состојки:
- 200 гр слатка павлака
- екстракт од ванила
- 12 свежи јагоди исечени на половини
- 12 зелени зрнца грозје
- 12 свежи коцки ананас од 1 см
- или овошје по желба
- стапчиња за ражничи
Подготовка:




Во помал сад изматете ја слатката павлака заедно со екстрактот додека не се изедначи. Оставете го во фрижидер до сервирање.
Реклама




На 6 дрвени раженчиња наизменично набоцкајте јагоди, грозје и ананас. Послужете со кремот кој го направивте. Или поедноставно за овие ражничи изберете овошје кое го имате дома и искористете што имате во моментот.




Пријатно!