Се што сакате за појадок, во една тава … добро избалансиран, вкусен оброк за кое било време од денот!




Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 голем кромид, исечен на коцки
- 4 чешниња лук, мелено
- 2 пиперки, исечкани на коцки
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка црвен пипер
- 500 гр зачинето пилешко
- 4 чаши рендан компир (околу 2 средни компири)
- 3 лажици магдонос, сецкан
- 150 гр рендан кашкавал
- 2 лажици јаболков оцет
- 6 јајца




Подготовка:
Загрејте масло во голема тава на средно-висока температура. Додадете кромид и динстајте 3 минути, мешајќи повремено. Додадете лук, пиперки и сол и бибер и пржете уште 3 минути.
Додадете го пилешкото исцепкано на ситни парчиња и пржете 5 минути, или додека не се омекне се убаво.
Додадете рендан компир и мешајте често, 5 минути додека не омекнат.




Измешајте 2 лажици магдонос, кашкавал и јаболков оцет. Направете 6 плитки гнезда во тавата рамномерно распоредени, а потоа ставете по едно јајце на секое место.
Сето тоа ставете го во рерна на 250 степени и печете 7-8 минути, или додека јајцата не се запечат по ваш вкус.




Посипете ги јајцата со сол и бибер, и украсете ја целата тава со преостанатиот сецкан магдонос.
Добар апетит!