Напитоците од кузу прав се користат во кинеската и јапонската исхрана и народна медицина, бидејќи се многу лековити. Кузу правот делотворно го јакне организмот при настинки и реума така што ги ублажува воспаленијата и воедно ја симнува температурата.




Кузу во прав содржи огромна количина изофлавонииди кои потпомагаат при опуштање на мускулите и крвните садови, а посебно е делотворен за регулација на дигестивниот систем за правилна работа на желудникот и цревата.




Ѓумбирот исто така е многу лековит, кој помага при настинки и грип, ја ублажува мигрената, го јакне имунитетот, ги намалува менструалните болки и штити од кардиоваскуларни болести.
Состојки:
- 300 мл. овесно млеко (или друго растително млеко)
- 1 лажица какао во прав
- 1 лажица јаворов сируп
- 1 лажица сок од ѓумбир
- 1 лажичка кузу во прав




Подготовка:
За да го направите топлото чоколадо, на оган загрејте го млекото, па додадете какао, јаворов сируп и сок од ѓумбир. Промешајте добро за да се изедначи смесата.




Растворете кузу во прав со малку ладна вода и додадете го подготвеното топло чоколадо.
Гответе уште 1-2 минути на оган, на ниска температура, се додека не се згусти.




На здравје!