Полнети тиквички: Предлог за денешен ручек!

Вреди да се проба:

Реклама

Време е за тиквички, затоа искористете ги максимално.

Состојки:

  • 90 мл масло
  • 2 глави кромид
  • 1 рендан морков
  • 2 лажички слатка пиперка
  • 1 чаша ориз
  • 1 кг мешано мелено месо
  • малку сув зачин
  • малку сол
  • малку лук во прав
  • малку бибер
  • 1 јајце
  • тиквички
  • 1 домат
  • доматно пире

Подготовка:

Исечкајте го кромидот и запржете го малку, потоа додадете го месото и морковот и пржете уште малку. по некое време додадете ориз, и сите зачини кои се наведени погоре. Кога ова ќе се излади, додадете едно јајце и добро измешајте.

Реклама

Измијте ги тиквичките, исечете ги врвовите и издлабете, а потоа пополнете со филот кој го подготвивте. Затворете ги тиквичките со парче од домати. Ставете ги во подмачкан сад за печење и додадете го доматното пире. Печете на 180 степени 45-50 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -