Плескавици од тиквички печени во рерна – Брзи и лесни за подготовка, потребни ви се само 15 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете си домашни плескавици од тиквички. Едноставни се и брзи за подготовка, а сепак толку лесни и вкусни.

Потребни состојки:

  • 2 помали тиквички или една поголема (300 г),
  • 2 јајца,
  • 2 лажици масло,
  • 1 лажичка сол,
  • 3 лажици бело брашно,
  • 2 лажици пченкарно прашно,
  • 1 кесичка прашок за печиво,
  • 150 г рендан кашкавал,
  • малку масло

Начин на подготовка:

Добро измијте ја тиквичката и отсечете ги краевите. Потоа изрендајте ја од крупната страна на рендето. Посолете и оставете малку да отстои, па добро истискајте ја изренданата тиквичка за да излезе сокот од неа.

Реклама

Потоа додајте две јајца, две лажици масло и посолете, па промешајте. Во смесата додајте и 3 лажици бело и 2 лажици пченкарно брашно, 1 прашок за печиво, па добро промешајте за да се распоредат состојките. на крај промешајте и 150 г рендан кашкавал.

Плехот малку намастете го, па обложете го со хартија за печење. И хартијата малку намастете ја. Црпете со лажица, па по една полна супена лажица спуштајте врз хартијата на одредено растојание и малку обликувајте ги за да имаат правилна форма.

Реклама

Од оваа количина приближно излегуваат 12 големи плескавици. Одозгора наросете ги со две супени лажици масло и ставете ги во загреана рерна.

Се печат на 220 степени, околу 15 минути т.е. додека убаво да заруменат.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -