Сочно, меко и вкусно јадење на кое е невозможно да се одолее…
Состојки:




За тесто:
- 200 гр. брашно
- 2 јајца
- 2 лажици масло
- 200 мл. млеко
- 200 мл. газирана вода
- прстофат сол
За фил:
- 500 гр. мелено месо
- 1 голема главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица мелен црвен пипер
- масло по потреба
- сол по вкус
За прелив:
- 1 чаша кисела павлака
- 1 лажица сенф
- кечап по желба




Начин на подготовка:
Ситно исечкајте го кромидот и ставете го во тавче да се динста со малку масло. Додадете го меленото месо заедно со ситно сечканото лукче. Мешајте се додека меленото месо не се раздвои и не се зацрви.
Потоа додадете го црвениот мелен пипер, посолете и тргнете од оган.
Измешајте ги состојките за тесто и направете смеса за палачинки. Во тава испечете ги палачинките една по една.




Секоја палачинка филувајте ја со смесата за фил и виткајте ги во ролни. Така завиткани редете ги во намаслен плех за печење.
На крај изматете ја павлаката со сенфот и прелејте ја добиената смеса одозгора врз палачинките.




Ставете ги малку во рерна да се запечат на умерена температура. Но доколку не сакате може да ги послужите и без потпекување.
Служете ги со кечап.




Добар апетит!