Рецепт за салата од краставица. Има совршен вкус, идеален како предјадење или при високи температури во летните жештини како главно јадење.




Покрај салатата може да се сервираат коцки, крутони или фурнаринки за да се даде малку јачина. И се разбира, совршено оди со скара посебно со ќебапчиња.
Состојки:
- 500 гр свежа краставица
- 10 гр сол
- 200 гр павлака
- Неколку капки маслиново масло
- Малку копра (не премногу)
- Бибер
- 2 чешниња лук




Подготовка:
Земете ја краставицата и излупете ја делумно. Исечете ја на кругчиња , посолете и оставете 10 минути на собна температура краставиците да ја ослободат течноста.




На овој начин, тие ќе ја ослободат и тежината и горчината со која голем број луѓе имаат проблеми.По истекот на времето, убаво исцедете ја исечената краставица и исушете ја добро, а потоа додадете ја во садот за салата.




Сега додавате павлака. Може да биде и цврст или течен јогурт. Грчки јогурт е исто така можен, но и комбинација на сите горенаведени, не може да погрешите.




Сега додадете неколку капки маслиново масло, малку копра, бибер, ситно сецкан или мелен лук и измешајте се добро. Ставете го во фрижидер најмалку 20 минути.
Во меѓувреме, запечете лепчиња тост или слично. Салатата од краставица распоредете ја во повеќе широки чашки и врз неа ставете ги запечените тостчиња.Ако сакате, одозгора може да посипете малку слатка мелена пиперка или многу малку шери домат исечкан на тенки парчиња.




Можеби и неколку кисели маслинки можете да додадете на целата комбинација, по вкус.
Добар апетит!