Јадењето што сите го обожаваме и нема куќа која не го приготвува овој рецепт. Ова според нас е основниот и најдобриот рецепт од кој ќе бидете презадоволни. Иако изгледа несредено во чинија сепак е највкусната варијанта за брз летен ручек.




Состојки:
- 3 пиперки
- 3 кромида со средна големина
- 4 поголеми домати
- 1 мала лажица сол
- 1 мала лажица шеќер
- Црвен пипер
- 1 дцл масло




Подготовка:
Исечкајте ги пиперките на парчиња, исечете го кромидот грубо на прстени и исечете го доматот на поголеми парчиња.
Загрејте тава (не масло). Кога ќе се загрее, истурете го маслото и веднаш ставете ги пиперките и пржете 5 минути на средна топлина. Сега додадете го кромидот и солот. Ова вака се пропржува во следните 5-7 минути на среден оган, а потоа додадете ги доматите.




Зголемете ја температурата малку и постојано мешајте. По само неколку минути кога ќе забележите дека кожата почнува да се одвојува од доматите и пиперките, додадете шеќер и продолжете да го вриете уште 10 минути. Откако ќе поврие уште 10 мин, вашата летна манџа е готова и спремна за сервирање.




Послужете го како прилог на ориз или месо , но и само така да се јаде е превкусно. Во оваа комбинација природно овчо или козјо сирење е полн погодок.
Пријатен апетит!