Брзи, лесни и вкусни, кави што ги правеле нашите баби. За миг ќе ве вратат во детството веднаш штом ќе ги пробате.




Пред вас е рецептот за крофни кој не би сакале да го менувате, бидејќи крофните се совршени!
Подгответе го овој вкусен десерт кој им успева дури и на почетниците во кујна.
Состојки:
- 600 гр брашно
- 25 гр квасец
- 1,5 дл млака вода
- 1,5 дл газирана вода
- 50 мл масло
- 1 лажица шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прстофат куркума
- масло за пржење ( крофните треба да пливаат на површината)




Начин на подготовка:
Активирајте го квасецот така што во топлата вода ќе додадете квасец, шеќер и една лажица брашно, добро измешајте ги и оставете да надојде квасецот.




Потоа во нараснатиот квасец додадете масло, газирана вода, ванилин шеќер и куркума. Замесете тесто и ставете го на набрашнета работна површина. Расукајте кора од тестото и со чаша извадете кругови од тестото. Оставете ги малку да нараснат, околу 10 минути.




Во длабока шерпа загрејте го маслото за пржење. Ставајте ги оформените крофни да се пржат така што во маслото ќе ги спуштате од горната страна, која ќе ја свртите надолу кон маслото, пржете а потоа свртете ги и пржете од другата страна.




Пријатен апетит!
Извор: stil.kurir.rs