Реклама
Ова јадење е наменето само за вистински гурмани. Ќе се воодушевите!
Состојки:
- 700 гр пилешки батаци
- 600 гр кромид
- 500 мл павлака за готвење
- 50 гр путер
- 1 лажичка сол
- 1 лажица бибер
- 5 лажици брашно
- мешавина од зачини
- 1 лажица масло
Подготовка:
Зачинете ги батаците со сол, бибер и мешавина од зачини. Превртете ги во брашно и пржете ги од двете страни во врел путер. Исечете го кромидот на тенки парчиња, и исто така испржете го на путер за да стане стаклен.
Реклама
Подмачкајте ја тавата и ставете ги полупечените батачиња на дното. На нив распоредете го запржениот кромид.
Сето тоа полијте го со павлаката за готвење и ставете во рерна да се пече на 200 степени 40 минути.
Реклама
Брзо и едноставно нели !!!
Добар апетит!