Многу убава и необична салата во форма на еж ќе изгледа убаво на трпезата кога е празник или очекувате гости.
Обидете се да го направите тоа сами. Ве уверуваме дека ќе им се допадне на сите.
Состојки:
- 200 гр пржени или печени печурки
- 200 гр варени пилешки гради
- 1 праз (може да биде и кромид)
- 3 варени јајца
- 200 гр тврдо сирење
- 400 гр моркови
- мајонез
- маслинки, конзервирани печурки, листови салата (марула) и ротквици за декорација
Начин на подготовка:
Салата во форма на еж се прави по следниот редослед: Најпрвин на чинијата во која ќе сервирате ставете листови марула.
Потоа ставете ги првин пржените печурки, потоа пилешки гради иситнети на парчиња – слој мајонез, потоа исецкан и запржен праз, ситно сечкани варени јајца – повторно слој мајонез и последниот слој е рендано тврдо сирење и рендани моркови. Морковот не го рендајте низ целата салата туку еден крај оставете непокриен, за да го претставува носот на ежот.
При редењето на салатата внимавајте на формата во која ја редите, да изгледа приближно како еж. Остатокот од декорацијата направете го така што од маслинките ќе направите очи и нос на ежот, и потоа наредете печурки, зелена салата и ротквици по ваша желба.
Пријатно!