Вкусна витаминска супа – Го зајакнува имунитетот и штити од вируси и грип!

Вреди да се проба:

Реклама

Најважните минерали за зајакнување на имунитетот се цинк и селен, а ние ви приготвивме рецепт за супа што го зајакнува имунитетот. 

Состојки:

  • 1/2 чаша кокосово масло
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан ѓумбир
  • 1 кромид, сецкан
  • 1/2 чаша сецкани бадеми
  • 2 лажици куркума во прав
  • 2 лажици кари во прав
  • 2 црвени пиперки, крупно исецкани со семиња
  • 1 кг сладок компир, излупен и сецкан
  • 2 ловорови лисја
  • 6 чаши супа од зеленчук
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Истурете кокосово масло, лук, ѓумбир, кромид, бадеми, куркума и кари во поголема шерпа. Измешајте сè добро, а потоа вријте на средна топлина додека состојките не омекнат и не се соединат(околу 5 минути).

Реклама

Додадете црвен пипер, сладок компир, ловоров лист, а потоа истурете ја зготвената супа од зеленчук за да покриете сè.

Оставете да крчка и намалете ја температурата. Гответе на тивок оган околу 30 минути додека не омекне слаткиот компир. Извадете го ловоровиот лист од супа и остатокот измешајте го со мешалка додека не добиете фина кремаста смеса.

Реклама

Повторно ставете го ловоровиот лист и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.

Еве како состојките во оваа супа влијаат на нашето тело:

Кокосово масло е полно со лауринска киселина, која е има природно антибактериско, анти-габично и антивирусно дејство. Кокосовото масло исто така го зајакнува веќе ослабениот имунолошки систем преку подобрување на бројот на бели крвни клетки, што му помага на телото директно да се бори против вирусот.

Лукот содржи соединенија кои му помагаат на имунитетот во борбата против микробите и ја подобрува имунолошката функција. Лукот е особено корисен за спречување на настинка и грип.

- Advertisement -

Ѓумбирот е моќен антиоксиданс за кој е докажано дека природно го зајакнува имунитетот. Содржи многу витамини, од кои некои се магнезиум, железо, цинк и калциум. Ѓумбирот помага при уништување на вирусот и настинки.

Кромидот е полн со хранливи состојки како што се селен, сулфурни соединенија, цинк и витамин Ц. Покрај тоа, тој е еден од најдобрите извори на кверцетин, моќен флавоноид и антиоксиданс кој има антивирусни својства.

Бадемите содржат многу витамин Е, кој делува како антиоксиданс во вашето тело и помага на имунитетниот систем да функционира. Бадемите содржат и многу железо и протеини, кои се исто така неопходни за вашиот имунолошки систем.

Природен зачин кој го зајакнува имунолошкиот систем, помага при стрес и при лекување и спречување на грип.

Карито како зачин се користи и во традиционалните индиски лекови веќе 2.500 години. Карито помага во борбата против бактериите, вирусите и габите уште од првиот пат кога ќе се обидат да нападнат.

Слаткиот компир е богат со бета каротен – каротеноид кој се претвора во витамин А  и помага во зајакнување на имунитетот и го намалува ризикот од разни болести.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -