Везени суви пиперки со јајца – Старинско јадење за мерак!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе едноставно и вкусно јадење, пржени јајца со везеници на старински начин. Станува збор за пржени везени суви пиперки помешани со малку јајца и урда. Готово е за миг, уживајте во вкусот!

Состојки:

  • суви пиперки везени, (може и лути или мешани)
  • 5-6 јајца
  • малку масло,
  • сол по вкус
  • малку урда по желба

Подготовка:

Се варат сувите пиперки во вода. Кога се сварени се цедат па се сечкаат.

Реклама

Пиперките се пропржуваат малку во масло и се додава урда по ваша желба. Потоа се истураат 5-6 матени јајца и се допржува се заедно.

Пред крај се зачинува со сол по вкус.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -