Изгледаат примамливо, но изгледот го надминуваат со својот вкус.




Состојки:
- 1/2 кг масло
- 2 цели јајца
- 4 жолчки
- 1 кг брашно
- 1 кесичка сув квасец
Фил:
- 2 белки
- 1/2 шолја шеќер
- 100 гр мелени ореви
- 300 гр шеќер во прав за посипување
Подготовка:




Од состојките за тесто се замесува тесто и се остава да отстои на ладно 1-2 часа. Белките и шеќерот изматете ги во цврста шампа и додајте ги оревите.




Од тестото направете топчиња со големина на орев, па распоредете ги на дланка и наполнете ги со по една лажичка фил. Посипете ги краевите и извртувајте малку, за да формирате ружа. Розите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па печете ги на 220 степено С околу 20 минути додека убаво поруменат.




Посипете со шеќер во прав кога целосно ќе се изладат. (потребни се околу 300 гр шеќер). Вака подготвени, како и повеќето масни теста, можат да стојат многу долго и да станат поубави со секој нов ден, се разбира, доколку не ги снема за брзо време.
Пријатно!