Џем од СЛАНИНА: Има неверојатен вкус и лесно се подготвува!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој таканаречен џем, а всушност паштета со карактеристичен вкус, се прави од пржена сланина, која потоа се карамелизира со додавање на кромид и зачини. Сосема луд вкус, состојки и ќе има реакции кога некому ќе го послужите.

Состојки:

  • околу 400 гр сланина
  • 1 мал кромид
  • 4 чешниња лук
  • 60 гр кафен шеќер
  • 100 мл кафе турско
  • 90 гр мед
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 1 лажица сенф

Подготовка:

Направете силно кафе и оставете талогот да се смири. Исечете ја сланината на тенки парчиња, а потоа испечете ја во тава или во рерна. Извадете ја и оставете да се исцеди добро, и тргнете 2-3 лажици маснотија настаран која што се ослободила од сланината.

Реклама

Испржете ситно исечен кромид и лук во 2-3 лажици маснотија од сланината, а кога малку ќе омекнат, додадете ја сланината (може да се исече на помали парчиња).

Потоа додадете шеќер и пржете кратко, постојано мешајќи, а потоа истурете го исцеденото кафе од талогот, мед, балсамико оцет и сенф и вријте на средна топлина додека не се добие густината на џемот (20-30 минути). Ако сакате, можете да го изматите готовиот џем со миксер, истурете во тегла и чувајте го во фрижидер. Се мачка на лепче.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -