ЈАГНЕШКО ПОД САЧ: Вистинска гозба за целото семејство!

Вреди да се проба:

Реклама

Нема што повеќе да се каже освен да го направите рецептот и да се уверите во неговата вкуснотија.

Состојки:

  • 5 кг јагнешко месо
  • 2 главици кромид
  • 10 чешниња лук
  • 5 листови ловоров лист
  • 5 свежи моркови
  • коријанден
  • рузмарин
  • мајчина душица
  • маслиново масло
  • 200 мл бело вино
  • 100 мл црвено вино
  • 100 мл пиво
  • 2 кг компир

Подготовка:

Месото најпрвин треба да се маринира, да отстои и да впие некои вкусови од маринадата која ќе ја подготвите. Измешајте маслиново масло, рузмарин, мајчина душица, 200 мл. бело вино, коријандер и со оваа смеса премачкајте го целото месо. Потоа покријте го со фолија, и оставете го така да отстои околу 10 часа во фрижидер до следното утро кога треба да се пече.

Реклама

Следниот ден, во тепсијата ги додавате останатите состојки. На дното можете да наредите компир по желба, ако не сакате и не мора. Кромидот исецкајте го на на парчиња, заедно со лукчето, морковите а ловоровите листови додадете ги на неколку места на средина од месото. На крај полијте со црвено вино.

Претходно, на загреан оган ставете го сачот да достигне температура. Тепсијата со јагнешкото месо поставете ја на пиростијата, под тепсијата ставете жар и покријте со сачот. Над самиот вршник ставете жарчиња за температурата горе и долу под тепсијата да биде рамномерна.

Реклама

Температурата на сачот мора да ја одржувате 2 до 3 часа се додека не се испече месото. 15 минути пред да го извадите месото полијте го со малку пиво за да добие крцкава кора и да се збогати вкусот.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -