ЃЕВРЕЦИ ПОЛНЕТИ СО МЕЛЕНО МЕСО: Меко домашно пециво со фил кое плени на првиот залак!

Вреди да се проба:

Реклама

Најубавите домашни ѓевреци што сте ги пробале!

Во продолжение погледнете го рецептот за полнети ѓевреци со мелено месо.

Реклама

Состојки:

За тестото:

  • 200 мл млако млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 и пол лажица масло
  • 1 јајце
  • 450 гр брашно

За филот:

Реклама
  • 400 гр мелено месо
  • 2 средни глави кромид
  • сол, бибер, ким

За премачкување:

  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

Во сад ставете го млекото, солта, шеќерот, квасецот, маслото и јајцето и измешајте. Додадете го брашното и мешајте додека убаво не се соедини. Кога тестото ќе се соедини, месете го со раце додека не стане мазно. Покријте со фолија и оставете да нарасне 1 час.

За да ја подготвите смесата со месо, измешајте го меленото месо со исечканиот кромид, сол, бибер и ким.

- Advertisement -

Откако ќе истече времето, тестото поделете го на 6 еднакви делови и формирајте топчиња. Секое топче развлечете го и со прстот направете дупка во средината. Наредете го месото врз тестото формирајќи прстен. Затворете го секој прстен со притискање со прстите. Префрлете ги прстените во плех обложен со хартија за печење и секој прстен премачкајте го со јајца. Посипете ги со сусам и печете во рерна загреана на 180°C 30 минути.

Пријатно!

Извор: Прашање на вкус

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -