Штрудла со вишна и ванила: Сочни слатки залчиња за потполно уживање!

Вреди да се проба:

Реклама

Има ли некој кој би можел да одолее на овој десерт?

Денес ви подготвивме еден прекрасен рецепт за штрудла, погледнете ја постапката во прва прилика пробајте да ја направите истата.

Реклама

Верувајте, толку е вкусна што нема да зажалите.

Состојки:

  • 800 гр. брашно
  • 200 мл. млеко
  • 200 мл. вода
  • 200 мл. масло
  • 8 лажици шеќер
  • 1 лажика сол
  • 1 коцка свеж квасец

За полнење:

Реклама
  • 300 гр. вишни
  • 100 гр. шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 500 мл. млеко
  • 50 гр. путер

Начин на подготовка:

Квасецот се става во млако млеко, се додава шеќерот и се остава да стаса. Кога ќе надодјде квасецот истурете го во брашното, па додадете вода, масло и сол.

Замесете меко тесто, па оставете го на топло да се удвои, а потоа поделете го тестото на два дела.

Пудингот сварете го со млекото и шеќерот, а кога малку ќе се олади додадете го изматениот путер и сето тоа убаво измешајте го во една хомогена смеса.

- Advertisement -

Расукајте го тестото во кора со дебелина од три сантиметри. Потоа филувајте ја кората со половина од филот од ванила, посипете и половина од вишните и завиткајте ја кората како штрудла.

Постапката повторете ја со вториот дел од тестото и остатокот од филот.

Штрудлата премачкајте ја со жолчка и печете на 180 степени околу половина час.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -