ШВАРЦВАЛД РОЛАТ: Комбинацијата од чоколадо, крем од ванила и цреши е неодоливо вкусна!

Вреди да се проба:

Реклама

Уживањето е во малите нешта, малите задоволства, убавите моменти се еден од начините за намалување на стресот.

За многумина комбинацијата од чоколадо, крем од ванила и цреши е неодолива. Горко-слатко-кисело, неверојатно добро. Иако надалеку е познат како торта, денес ви го предлагаме ролатот Шварцвалд. Нека биде вашата тајна анти-стрес терапија.

Реклама

Состојки:

Тесто:

  • 6 јајца
  • 120 гр брашно
  • 120 гр шеќер
  • прстофат сол
  • половина кесичка бурбон шеќер
  • 2 лажици какао

Крем:

Реклама
  • 150 гр исцедени цреши без компот без семки
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 g маскарпоне
  • 50 гр шеќер во прав
  • 70 гр рендано чоколадо
  • половина кесичка бурбон шеќер

Дополнително:

  • 2 лажици рум
  • малку сок од компот
  • 30 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките, а потоа изматете ги белките со малку сол во цврст снег. Потоа посебно изматете ги жолчките со шеќерот и шеќерот бурбон. Кога добро ќе се изматат жолчките, што ќе го препознаете по тоа што значително посветлуваат, шеќерот повеќе не крцка и смесата делува воздушно, додадете брашно и какао, а на крај белките. Мешајте со најмала брзина или уште подобро со шпатула, за смесите лесно да се состават.

Во плехот ставете ја хартијата за печење, па истурете ја смесата, печете на 180С околу 12-15 минути. Испечената кора веднаш покријте ја со влажна крпа, превртете го плехот, извадете ја хартијата за печење, па заедно со крпата замотајте ја во ролат и оставете ја да се излади.

- Advertisement -

Добро исцедете ги црешите, па измешајте 4 лажици сок од компот со 2 лажици рум. Изматете го маскарпоне сирењето со шеќерот во прав и бурбонот, додадете ја слатката павлака и изматете се. На крај додадете ја ренданата чоколада и нежно измешајте.

Изладениот ролат одвиткајте го, премачкајте со две третини од филот. Наредете ги вишните на почетокот, односно на првата надолжна половина од филот во 3-4 реда и се замотајте заедно. На крај ролатот премачкајте го со остатокот од филот, посипете со рендано чоколадо и украсете го со вишни. Добро изладете го, па исечете го на кришки кои ќе изгледаат многу декоративно.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -