ЧОКО ИРВАСИ – НАЈУБАВИТЕ МАЛИ КОЛАЧИЊА ЗА НОВА ГОДИНА: Направете ги со најмалите членови од семејството и уживајте!

Вреди да се проба:

Реклама

Во остатокот од текстот прочитајте како да ги направите најубавите колачиња во форма на ирваси.

Време е да ја украсите елката бидејќи доаѓа Нова година, но и да размислите што ќе има на вашата трпеза. Не треба да бидете слаткар за да ги направите овие преслатки мали колачи, бидејќи сè е толку едноставни и нема никој да одбие да проба.

Реклама

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер
  • 100 мл сок од портокал
  • 100-150 гр млечна чоколада
  • переци
  • бели украсни топчиња
  • црвени бонбони

Подготовка:

Во сад измешајте ги бисквитите, растопениот путер и сокот од портокал. По потреба додадете уште малку сок од портокал и соединете ја смесата. Направете поголеми топчиња и наредете ги во чинија.

Ставете ги во замрзнувач 15 минути и за тоа време стопете го чоколадото. Потоа потопете ги топчињата во чоколадо и наредете ги на хартија за печење. Ставете по два переци на врвот на топката за да ги претставуваат ушите.

Реклама

Во средината на топката ставете црвено бонбонче бидејќи го претставува носот, а горе белите топчиња. Потоа потопете чепкалка за заби во чоколадото и направете точки на белите топчиња, што ги претставуваат зениците.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -