Овие чоколадни палачинки изгледаат како да се служат во најдобрата слаткарница на светот и воопшто не е тешко да се направат.




* Дадените состокји се за 6 подебели палачинки.
Состојки:
- 100 гр. брашно
- 1 јајце
- 200 мл. млеко
- 2 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 лажици какао
За полнење:
- 3 банани
- нутела по вкус
- 100 гр. темно чоколадо




Подготовка:
Измешајте ги состојките за палачинки, па оставете го тестото да отстои 10 минути пред да почнете да ги печете палачинките. А потоа испечете ги палачинките и редете ги една врз друга.




Исечете ја секоја банана на половина. Преклопете ја палачинката на половина, премачкајте ја со нутела или друг чоколаден крем по избор, па ставете половина банана и завиткајте ја палачинката во ролат.




Темното чоколадо растопете го на среден оган, со додавање една лажица масло или една мала коцка путер.
Пред послужување наредете ги палачинките во чинија и прелијте ги со растопената чоколада.




Добар апетит!
Извор: recepti.zena.blic.rs