Нема нешто повкусно и помеко од овие царски крофни!




Состојки:
- 1/2 кг брашно
- 40 гр свеж квасец
- 1 дцл млеко
- 7 жолчки
- 50 гр шеќер
- 100 гр путер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 шолја рум
- кора од 1 лимон
- сок од 1/2 портокал
- 1/2 л масло
- 100гр шеќер во прав
Подготовка:




Во средината на брашното замесете го квасецот со млекото. Почекајте квасецот да нарасне малку, па се замесете. Додадете жолчки, шеќер, стопен путер, ванилин шеќер, рум, кора од лимон, сок од портокал. Изматете го тестото да почне да се двои.




Потоа од тестото направете кора, односно расукајте го до делбелина од 1 см. Извадете ги круговите со чаша и оставете ги еден врз друг по два. Повторно, со чаша со помал дијаметар, притиснете ги круговите за да се поврзат. Така формираното тесто оставете го на млако место 1 час да нарасне. Крофните треба тројно да се зголемат.




Добро загрејте го маслото. Пропржете ги крофните, прво на спротивната страна каде што стоеле. Првата страна задолжително испржете ја покриена со капак. Кога крофните ќе ги свртите на другата страна, отворете ја тавата до крајот на пржењето. Исцедете ги испржените крофни на хартија и превртете ги во шеќер во прав. Послужете ги топли.




Пријатно!