Торта ЦРНА КРАЛИЦА: Чист хедонизам!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа торта е за љубителите на чоколадо, полна со вкус, со малку крем доста јака, а кората е навистина мека, да не ве лаже нивната дебелина.

Не мора да јадете две парчиња и да се заситите, доволно е само едно мало парче, и ќе го почуствувате силниот вкус.

Реклама

Состојки за кората:

  • 270 гр брашно
  • 85 гр темно какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 мала лажичка сол
  • 120 гр путер
  • 3 цели јајца
  • 400 гр шеќер
  • 250 мл јогурт
  • 200 мл црно, силно и топло кафе

Фил:

  • 4 цели јајца
  • 150 гр шеќер во прав
  • 300 гр темно чоколадо
  • 200 гр путер

Глазура:

Реклама
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр темно чоколадо

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Направете кафе и измерете 200 мл. Измешајте брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона и сол. Во друг сад изматете ги путерот и шеќерот додека не станат пенести, а потоа додадете ги јајцата и повторно изматете.

Додадете ја смесата со брашно во путерот и прелијте со јогуртот. Изматете ги и потоа полека сипете го кафето додека мешате. Премачкајте плех од 23 см и истресете половина од смесата за кора и печете, а рерната намалете ја на 170 степени и печете 35-40 минути.

Оставете ја кората во тавата 10 минути, па извадете ја. Постапката повторете ја со остатокот од смесата за кора. Кога двете кори ќе се изладат, ставете ги во замрзнувач 20 минути за да можете лесно да ги исечете бидејќи се меки и се распаѓаат. Пресечете хоризонтално за да добиете 4 кори. Бидејќи овие кори имаат испакнатост при печењето, најдобро е да ги превртите на жица за да се изладат. Откако ќе ги завртите, само таа испакнатост, исечете ја.

- Advertisement -

За филот изматете ги јајцата со шеќерот и ставете ги на пареа да се варат. Ставете ги врз сад со вода од кој што водата испарува и кога водата ќе зоврие варете 7 минути. Тргнете го од оган да се изладат. Изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги јајцата и изматете се.

Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка на тивок оган и измешајте ги јајцата и путерот и изматете се. Ставете 15 минути во фрижидер и повторно промешајте. Посипете ја кората со млеко, не ја киснете, посипете малку. Потоа наредете ја тортата по редослед кора/фил, до крај.

Загрејте ја слатката павлака да зоврие и додадете го чоколадото, мешајте додека не се соедини и прелијте го колачот со глазурата. Оставете во фрижидер преку ноќ, извадете ја тортата најмалку еден час ден пред послужување и оставете ја на собна температура, а можете да го направите и наутро. Колку подолго стои колачот, толку помек станува.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -