Нема некој од постарите генерации кој не го памети ова јадење.
Направете за целото семејство, навратете се на спомените и уживајте!
Состојки:
- 400 грама јуфки домашни
- 200 грама тарана
- малку сол
- малку масло
- 400 милилитри вода
- путер/маргарин
Подготовка:
Премачкајте го плехот во кој ќе го подготвите јадењето со малку путер или маргарин. Ставете еден дел од јуфките и малку посолете па ставете го во загреана рерна да се потпече на 200 степени.
Потоа извадете го плехот и ставете ја тараната и одозгора другиот дел од јуфките. Пак вратете во рерна да се потпечат јуфките, односно да пожолтат. Во посебен сад на шпорет ставете да зоврие водата со малку масло и една лажичка сол.
Водата прелијте ја преку јуфката и печете на 250 степени целзиусови околу 10 а потоа 40 минути со исклучен горен греач на рерната и затворен капак. Кога е готово почекајте малку да олади и послужете со сирење, или прилог по желба.
Пријатно!