Овој рецепт исклучиво ја добива вистинската смисла и вкус доколку се прави во глинен сад.




Едноставно го нема тој вкус. И вкусот е навистина прекрасен.
Состојки:
- 500 гр бел грав
- 4 колбаси
- 1 лута пиперка
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица маст или масло
- сол по вкус
- бибер во зрно
- 1 главица кромид




Подготовка:
1.Се користи грав Тетовец или грав кој има поголеми зрна. За четири лица, ќе ви требаат половина килограм грав. Ставете го гравот во тенџере и истурете вода да го прелие гравот и тој да нарасне.
Ставете на шпоретот и кога ќе зоврие, варете 10 минути. Оставете уште 10 минути да „одмори“. Истурете ја таа вода и ставете нова чиста вода, толку за да го прелие гравот и да има уште два прста над него.




2.Во оваа вода додадете голема главица кромид, исечкана на четвртини. Не се додаваат зачини ниту сол. Од моментот кога ќе зоврие, намалете ја температурата и варете во полу-покриена тава додека зрното не стане меко, но не премногу да има малку тврдина. Исцедете го гравот и оставете ја настрана водата во која се готви.




3.Тавата премачкајте ја со лажица маст и истурете го гравот. Додадете една лажица сол, една лажица црвен пипер, бибер во зрна и сето тоа добро измешајте го.
Истурете ја водата во која се готвеше гравот. Околу прст, два над гравот. Повторно измешајте сè и ставете ги лутите, пушени колбаси во гравот и една лута сушена пиперка во средина.




4.Печете во рерна на 250 степени додека не се загрее, а потоа намалете на 200.
Печете вака додека не зарумени и водата испари малку. Внимавајте водата да не испари целосно, за да не биде премногу суво подоцна.




Добар апетит!