Старински колачи: Наполитанки со млеко во прав и чоколаден фил

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе еден убави, меки и вкусени колачи од времето на нашите баби.

Состојки:

  • 700 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 600 гр млеко во прав
  • 3 кори обланда

Подготовка:

Шеќерот измешајте го со 2 децилитри вода и изматете (се вари додека не се растопи шеќерот).

Реклама

Маргаринот се остава на собна температура за полесно да се измати. Во изматениот маргарин додадете млеко во прав. Добро изматете заедно.

Во изматениот маргарин со млеко во прав прелијте го зовриениот сируп од шеќер. Измешајте сè заедно.

Реклама

Се дели на два дела, на едниот се додава растопено чоколадо, другиот дел останува како што е.

Кога ќе се излади, филувајте по следниот редослед: кора обланда, потемен фил со чоколадо, обланда, посветол фил, обланда.

На крај притиснете малку одозгора за да ги залепите наполитанките, оставете да отстојат и да се стегнат, по можност во фрижидер. Потоа исечете ги филуваните обланди по ваша желба.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -