Сос од печурки: Збогатете го јадењето со овој сочен сос!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова е еден од наједноставните сосови, што можете да го подготвите. Наменет за почетници.

Одлична работа кај овој сос е што нема брашно, затоа нема придружен вкус на истото, се е кремасто и фино.

Реклама

Состојки:

  • 50 мл масло или путер
  • 400 гр свежи печурки
  • половина лажичка или малку помалку сол
  • 2 – 3 прстофати бибер
  • 1 лажичка сушен лист од магдонос
  • 500 мл павлака за готвење

Подготовка:

Подготовката е брза и лесна. Во подлабока тава, мало тенџере, не е важно дали ставате масло или путер за да го загреете.

Шампињоните веднаш исечкајте ги и ставете ги на загреаното масло. Додадете малку сол и вријте на средна топлина. Кога ќе ги посолите, тие ќе ослободат вишок вода.

Реклама

Вријте додека не изврие вишокот вода. Потоа истурете ја неутралната павлака. Прво помалку, 150 мл и промешајте, а потоа додадете зачини.

Потоа проценете колку повеќе ви е потребна павлака. Доколку сакате да биде потечен сосот ставете повеќе павлака и обратно. На крај поросете со магдонос.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -