Сок од ѓумбир – чаша полна со витамини без шеќер. Овој брз сок или пијалок има одличен вкус и има многу витамини. Рецептот за овој домашен сок ќе го подготвите многу пати со портокал, лимон и ѓумбир без шеќер.




Состојки:
- 40гр ѓумбир
- 2,5 дл вода
- 100 гр мед
- 4 портокали
- 1 лимон
- 1,5 – 2 литри ладна вода
- опција: Нане и лимета




Подготовка:
1.Излупете го ѓумбирот, изрендајте го и варете во тенџере 5 минути со 2,5 дл вода. По 5 минути тргнете го од оган и оставете го да се излади 10 минути. Во меѓувреме, исцедете ги портокалите. Извадете го ѓумбирот и додадете мед и претходно исцеден сок од портокал додека се уште е топла течноста.




2. Истурете ја добиената мешавина во бокал со приближно 1,5 – 2 литри ладна вода преку цедалка / сито или газа за да го направите сокот чист.
3. Исечете го лимонот на парчиња и додадете го во бокалот.




4. Сега можете да го изладите сокот од ѓумбир некое време или да го послужите веднаш доколку имате коцки мраз.
5. Ако можеби имате неколку лисја нане, би било добро да ги ставите во садот за коцки мраз пред да ги замрзнете. За украс, но и вкус, можете да ставите исечена лимета на прстени на чашата.




На здравје!