СОВРШЕНИ ЈАЈЦА ВАПЦАНИ СО ТУРСКО КАФЕ: Најубавите украси се наједноставните и најевтините!

Вреди да се проба:

Реклама

Најубавата сликарска техника која е евтина. Како да бојадисате велигденски јајца со кафе

Велигден е најрадосниот празник, а она што сите со особено нетрпение го очекуваме е фарбањето јајца. Ова е моментот кога се зближувате со семејството, бидејќи заедно со најмладите дизајнирате и украсувате јајца. Ви предлагаме едноставна техника која ќе ги обои јајцата во окер и малку кафена боја. Нијансата е прекрасна, а шарите ќе ве воодушеват. Не треба да бидете премногу креативни, потребно ви е само малку време.

Реклама

Состојки:

  • јајца
  • 2-3 лажици кафе
  • 700 мл вода
  • оцет

Подготовка:

Сварете ги јајцата, а во еден сад измешајте зовриена вода со кафето и убаво измешајте. Кафето процедете го во две помали чинии и во секоја истурете по 2 лажици оцет.

Јајцата замотајте ги со јута или чипка и добро затегнете, а може да го завиткате и јајцето во насока по која сакате. Така кога ќе го натопите во кафе ќе останат шарите. Чувајте ги јајцата во кафето половина час. На крајот премачкајте со масло за да добијат светкав изглед.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -