Овој десерт ќе ви ја разбуди фантазијата.




Состојки:
- 500 гр брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 3 дл млака вода
- 1 дл маслиново масло или некое друго растително масло
- 300 гр мелени ореви
- 100 гр сецкано суво овошје по ваш избор: суво грозје, кајсии, сливи
- 1 чаша рум
- 2 лажици шеќер или мед
- 1-1,5 дл топло млеко
- малку цимет и рендано морско оревче
- шеќер во прав




Подготовка:
Потопете го исецканото суво овошје во рум и оставете го преку ноќ или најмалку 1 час пред да започнете да го месите тестото. Измешајте цимет и морско оревче во мелените ореви. Во врелото млеко додадете шеќер или мед и истурете ја смесата врз оревите и оставете да се излади.




Измешајте шеќер, сол и сув квасец во брашното. Додадете 2 дл млака вода и масло. Месете го тестото и, доколку е потребно, додадете го остатокот од водата за да го направите тестото средно меко, односно треба да се залепи малку за прстите. Месете го тестото најмалку 10 минути, со рацете или миксер. Замесеното тесто покријте го со фолија и оставете го да нарасне на топло место 1 час или додека тестото не се зголеми двојно. Во зависност од собната температура, може да биде подолго или пократко од еден час.




Кога тестото се зголеми, извадете го на работната површина и раширете го со сукалка колку што можете потенко. Тестото премачкајте го со сувото овошје а потоа посипете го со мелени ореви. Завиткајте се заедно во ролна. Преклопете ја ролната на половина и завиткајте ја во плетенка.




Плетенката премачкајте ја со масло, ставете ја во плех за печење и покријте ја со најлонска фолија. Оставете го тестото повторно да стаса додека не се зголеми двојно по големина.




Вклучете ја рерната да се загрева на 220-250 ° C (во зависност од тоа како работи вашата рерна). Ставете ја плетенката во загреана рерна и печете на иста температура околу 30 минути или додека не добие златно-кафеава боја.




Извадете ја печената штрудла од рерна и оставете ја да се излади. Оладената штрудла посипете ја со шеќер во прав и исечете на парчиња.
Уживајте!