Свеж леб со сода бикарбона: Без квасец и без додатоци!

Вреди да се проба:

Реклама

Свеж леб кој мириса на минатото време. 

Состојки:

  • 800-1000гр брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка оцет
  • околу 450мл вода

Подготовка:

Замесете го тестото од брашно, сода, сол и оцет и постепено додавајте вода додека не добиете убава мазна смеса. Намастете ја тавата.

Реклама

Оформете го лебот со рацете и ставете го во плех за печење, па оставете го да отстои некое време, односно да одмори тестото.

Загрејте ја рерната на 250 степени Ц. Пред да го ставите лебот во рерна, ставете го малку да се испече дното на лебот на плоча за готвење одозгора на шпоретот, неколку минути, од прилика 10-тина.

Реклама

Тргнете го од оган и пред да го ставите во рерна, свртете ја долната страна одозгора на лебот и тогаш ставете го во рерна да се пече. Печете околу половина час.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -