Предлог за брза и уникатна вечера – Домашен пушен колбас со зеленчук

Вреди да се проба:

Реклама

Еве еден уникатен рецепт, како да ги подготвите омилените колбаси. Нема да зажалите. Послужете со ориз за брза и лесна вечера секоја ноќ од неделата!

Состојки:

  • 2  домашни пушени колбаси, исечени на кругови
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 мал кромид, исечен на коцки
  • 1 мала зелена пиперка, исечкана на коцки
  • 2 средни стебленца целер, исечени на коцки
  • 2 чешниња лук, мелено
  • 2 свежи домати исечкани на коцки
  • 1 лажичка зачини

За послужување  – Топол, варен кафеав или бел ориз

Реклама

Подготовка:

Загрејте  2 лажички маслиново масло во голема тава на средно-висока температура. Додадете ги исечените колбаси и така пропржете 6-7 минути, превртувајте ги на двете страни. Извадете ги колбасите во сад или чинија и одржувајте ги топли.

Ставете средна температура за готвење и во тавата додадете пак малку масло, додадете кромид, пиперката и целер во тавата и пржете 6-7 минути, додека не омекне. Додадете лук и оставете да се динста уште една минута, додека не стане меко.

Реклама

Додадете ги доматите исечкани и зачинот во тавата и добро промешајте да се соединат. Почекајте да зоврие смесата, а потоа намалете ја топлината на средно ниско и оставете да врие уште 2-3 минути.

Сега истурете ги колбасите во тавата и измешајте да се соединат. Оставете да врие уште 2-3 минути.

Послужете така што на дното од чинијата ќе стои сварениот ориз, а одозгора ќе посипете од смесата која ја направивте со колбасите.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -