Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак.
Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка. Доколку го славите Свети Никола, ви предлагаме посни пржени маслинки, мезе кое ќе ги воодушеви сите. Можете да ги послужите сами, но можете да ги додадете и во салата, солена торта… Можностите се бескрајни, а вкусот фантастичен. Уживајте!
Состојки:
- црни или зелени маслинки
- бадеми или кикирики
- газирана вода
- брашно
- презла
Подготовка:
Ставете ги бадемите или кикириките во маслинките или можете да ги оставите празни. Во сад измешајте кисела вода и брашно, смесата не треба да биде ниту густа ниту ретка, како за палачинки.
Потопете ги маслинките во добиената смеса, а потоа во презлата. Направете топчиња меѓу дланките, па уште еднаш потопете ги во брашно и кисела вода, а потоа во презла. Повторно формирајте топчиња помеѓу дланките и пржете ги во тава со загреано масло.
Пријатно!