Поховани тиквички со мелено месо

Вреди да се проба:

Реклама

Вие едноставно нема да можете да одолеете на оваа комбинација на вкусови! 

Состојки:

  • 3 тиквички
  • 300 гр мелено месо
  • 100 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајца
  • 2 лажици презла
  • 3 лажици рендано сирење
  • 1 лажица ситно исецкан магдонос
  • сол по вкус

Смеса за похување:

Реклама
  • 2 јајца
  • брашно по потреба
  • масло по потреба

Подготовка:

Измијте ги тиквичките, исечете ги на кругчиња со дебелина од околу 1 см, извадете ја средината и оставете ги настрана.

Испржете го кромидот, додадете сецкан лук и сланина, а кога сланината порумени, додадете го месото.

Реклама

Кога месото е пржено, тргнете го од шпоретот, а потоа додадете презла, сирење, магдонос и сол.

Наполнете ги тиквичките со смесата, а потоа натопете ги секоја во брашно, јајца и пржете во врело масло околу пет минути од двете страни.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -